Познат распоредот на Вардар за втората фаза во Лигата на Европа

Двократниот европски шампион Вардар со победа на домашен терен над Тулуз од 37-35 на најдобар можен начин ја заврши европската авантура за оваа 2025 година.

Вардар во вториот круг пренесува два бода (победа и пораз со Кристијанштад), а за противници таму ќе ги има германски Мелсунген и португалска Бенфика. Од оваа група првиот ќе оди директно во четвртфиналето, додека второ и трето пласираниот ќе играат осминафинале.

Веќе е познат и распоредот за втората фаза. Вардар ќе ја отвори на домашен терен против Мелсунген на 17. февруари следната година, а ќе ја заврши против истиот противник, но на гости на 10. март.

Распоред на Вардар 1961 во главната групна фаза на ЛЕ:
17.02.2026 – Вардар 1961 – Мелсунген
24.02.2026 – Бенфика – Вардар 1961
03.03.2026 – Вардар 1961 – Бенфика
10.03.2026 – Мелсунген – Вардар 1961

Се вчитува...