Најсилната кошаркарска лига на стариот континент, Евролигата денеска го објави распоредот на натпреварите за новата сезона која се очекува да биде уште поинтересна од минатата.
Веќе во првото коло не очекува грчкото дерби меѓу Панатинаикос и Олимпијакос. ПАО ќе биде домаќин, а дуелот дополнително ќе го предизвика вниманието поради неодамнешниот трансфер на Костас Слукас.
Српските ривали Партизан и Црвена Звезда ќе се сретнат во петтото коло, на 26 октомври и потоа во 19. на 4 јануари 2024 година.
Новата сезона во Евролигата стартува на 5 октомври, први на терен излегуваат Црвена Звезда и Асвел, а лигашкиот дел останува непроменет, со 34 кола.
Завршниот турнир ќе се одржи во Берлин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА