Познат е распоредот на натпреварите на македонската репрезентација во новоформираната Лига на нации од Д лигата за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Според утврдениот распоред од страна на УЕФА, натпреварувањето го почнуваме на 6. септември против Гибралтар на гости, па веднаш потоа на 9. септември ја пречекуваме Ерменија пред своите навивачи. Натпреварувањето во ноември оваа година го завршуваме на домашен терен против Гибралтар.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД Д-4 ГРУПА ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ:
Гибралтар – МАКЕДОНИЈА (06.09.2018)
МАКЕДОНИЈА – Ерменија (09.09.2018)
МАКЕДОНИЈА – Лихтенштајн (13.10.2018)
Ерменија – МАКЕДОНИЈА (16.10.2018)
Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА (16.11.2018)
МАКЕДОНИЈА – Гибралтар (19.11.2018)
НАШИОТ ПАТ ОД ЛИГА Д ДО ЕП 2020:
- Победниците од секоја од четирите групи обезбедуваат место во полуфиналето
- Полуфиналните двојки ќе бидат одредени со ждрепка (еден полуфинален меч, а домаќинот ќе биде тој со подобар резултат од натпреварувањето по групи)
- Победниците од полуфиналињата се среќаваат во финалето (домаќинот ќе биде одреден со ждрепка)
- Победникот од финалето обезбедува пласман на ЕП 2020!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА