Вардар и Еурофарм Пелистер за титулата во ракометниот шампионат ќе одлучуваат во двата меча кои ќе се играат во 5. и и 12. коло во плеј-офот од Суперлигата, одлучи денешната ждрепка во просториите на Ракометната федерација на Македонија. Првенството ќе продолжи на 11/12 февруари, а ќе заврши 27/28 мај.
Првите четири тима од Плеј оф ќе обзбедат учесто во Европски куп. Последните два тима од Плеј аут испаѓаат од Лигата, додека шестопласирниот ќе игра бараж за опстанок со третопласираниот од Прва лига.
Во плеј-оф по три бода пренесуваат Вардар и Е. Пелистер, по два бода пренесуваат Алкалоид и Т. Пролет, по еден бод екипите на Бутел Скопје и Е. Пелистер 2, а без бодови почнуваат Охрид и ГРК Тиквеш.
Во Плеј аут, по три бода пренесуваат Струга и Голден Арт, по два екипите на Прилеп и Скопје 2020, по еден бод Радовиш и Куманово, а без бодови се Вардар Неготино и Јуниор Кисела Вода. есуваат Струга и Голден Арт, по два екипите на Прилеп и Скопје 2020, по еден бод Радовиш и Куманово, а без бодови се Вардар Неготино и Јуниор Кисела Вода.
ПРВО КОЛО – ПЛЕЈ ОФ
Вардар – Т. Пролет
Е. Пелистер 2 – ГРК Охрид
Бутел Скопје – Е. Пелистер
ГРК Тиквеш – Алкалоид
ПРВО КОЛО – ПЛЕЈ АУТ
Вардар (Н) – Голден Арт
Прилеп – Радовиш
Јуниор К. В. – Куманово
Скопје 2020 – Струга
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА