Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави распоредот за новата сезона во второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа.
Дебитантот во европските натпреварувања, македонскиот вицешампион Алкалоид својот настап во Лигата на Европа ќе го стартува на домашен терен против актуелниот освојувач на ЕХФ купот српска Војводина.
Натпреварот е закажан за 17. октомври. Една седмица подоцна Алкалоид ќе и гостува на Ла Риоха. Потоа следуваат домашниот и гостинскиот натпревар со Бјерингбо-Силкеборг, а во последните две кола од првата групна фаза Алкалоид ќе и гостува на Војводина за да се заврши со домашниот меч против Ла Риоха.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА АЛКАЛОИД ВО ЕЛ
1. КОЛО (17.10.2023): АЛКАЛОИД – ВОЈВОДИНА
2. КОЛО (24.10.2023): ЛА РИОХА – АЛКАЛОИД
3. КОЛО (14.11.2023): АЛКАЛОИД – БЈЕРИНГБРО-СИЛКЕБОРГ
4. КОЛО (21.10.2023): БЈЕРИНГБРО-СИЛКЕБОРГ – АЛКАЛОИД
5. КОЛО (28.11.2023): ВОЈВОДИНА – АЛКАЛОИД
6. КОЛО (05.12.2023): АЛКАЛОИД – ЛА РИОХА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА