Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот на репрезентативци за полуфиналниот плеј-оф бараж дуел од Лигата на нации за пласман на ЕП против Косово, кој на 8. октомври се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Македонија ќе биде без еден од најдобрите свои фудбалери Елиф Елмас кој е позитивен на Ковид-19, како што официјално денеска објави Наполи. Но, во Скопје треба да допатува капитенот Горан Пандев, кој и покрај корона-хаосот во редовите на Џенова, за среќа е негативен на Ковид-19 па е повикан во националниот состав.
Единствена промена во однос на минатомесечниот собир е повикот на голманот на Силекс, Даниел Божиновски, како и враќањето на Столе Димитриевски, Ферхан Хасани и Тихомир Костадинов.
СПИСОКОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПЛЕЈ-ОФ БАРАЖОТ ПРОТИВ КОСОВО
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА