Трагична вест во светот на скијањето. Поранешниот ски-скокач, и еден од најпознатите чешки спортисти Антонин Хајек е пронајден мртов во Малезија. Хајек имаше само 36 години, а веста за неговата смрт ја потврдија од скијачката федерација на неговата земја.
Многу колеги се простуваат од Хајек, а меѓу нив и познатиот словенечки ски-скокач Јернеј Дамјан. Хајек бил пријавен за исчезнат на 2. октомври минатата година. Последен пат бил виден токму во Малезија.
Засега мистерија е како Хајек се нашол во Малезија и под кои околности починал, а обдукцијата ќе биде направена во следните денови по што ќе се знаат повеќе детали.
Хајек поради повреди ја заврши кариерата во 2015 година. Ќе остане запаметен кога во 2010 година го имаше третиот најдолг лет во ски-летовите. На Планица „леташе“ дури 236 метри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА