Атлетската федерација на Македонија го објави тимот со кој ќе настапи на Европското тимско првенство кое на 10 и 11 август ќе се одржи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Како главни адути на македонскиот состав ќе бидат во машка конкуренција Дарио Ивановски кој ќе настапи на трките на 1500 и 3000 метри, како и шестопласираниот од трката на 400 метри Европското првенство до 23 години, Јован Стојоски кој покрај на 400 ќе ја претставува Македонија и на 100 и 200 метри.
Главни адути во женска конкуренција ќе бидат Андријана поп Арсова и Дрита Ислами. На натпреварувањето покрај Македонија со свои тимови ќе настапат и Атлетската асоцијација на мали земји од Европа (Гибралтар, Сан Марино, Монако и Лихтенштајн), Албанија, Андора, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Исланд, Косово, Молдавија, Црна Гора и Србија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА