Селекторот на македонската футсал репрезентација Васко Скендеровски го состави списокот на фудбалери за престојните два квалификациски натпревари за Светското првенство 2024 против Италија и Шведска.
На списокот на Скендеровски се 16 футсал репрезентативци меѓу кои и осум интернационалци.
По првите два натпревари Македонија има едно реми и еден пораз во Групата 10 од квалификациите против силните Италија и Шведска. Избраниците на Скендеровски ремизираа (3-3) во Скопје со Италија а загубија на гостински терен со 5-2 од Шведска.
Сега на 1. март Македонија ја очекува гостување во Италија, а на 5. март во Скопје ја пречекуваме Шведска. По два натпревари, на чело на табелата во Групата 10 со 4 бода е Италија, Шведска е втора со 3 бода, а Македонија на третото место со еден бод.
СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА НАТПРЕВАРИТЕ СО ИТАЛИЈА (01/03) И ШВЕДСКА (05/03)
ГОЛМАНИ:
ПЕТРОВСКИ АНТОНИО (КМФ ПРОЕКТ)
СТОЈАНОВСКИ ИВАН (ФЦ ВЈОША – КОСОВО)
ИГРАЧИ:
ПЕТРОВИЌ ДРАГАН (КМФ ПРОЕКТ)
ИСМАИЛИ ТАУЛАНТ (КМФ АРБЕН БАЈРАМИ)
КРСТЕВСКИ ИВАН (КМФ ПРОЕКТ)
ЛЕОВСКИ ИГОР (ЛУЦЕНЕЦ – СЛОВАЧКА)
ЗИБЕРИ САДАТ (БЕРНАЛДА ФУТСАЛ – ИТАЛИЈА)
МЕХМЕДИНОВИЌ МАРТИН (КМФ ПРОЕКТ)
ЦЕКА ИСМЕТ (ФЦ ВЈОША – КОСОВО)
ДЕ СОУЗА ДАНИЕЛ (КМФ ЛОЗНИЦА ГРАД – СРБИЈА)
ЏОКИЦА ЏО АРСОВСКИ (ВФЛ ХОХЕНШТАЈН – ГЕРМАНИЈА)
СЕФЕРИ ЕРКАН (ФЦ ВЈОША – КОСОВО)
МИЦЕВСКИ АДРИЈАН (ШТУТГАРТЕР 2000 – ГЕРМАНИЈА)
ЛЕВЕСКИ ЗОРАН (КМФ АРБЕН БАЈРАМИ)
РАНГОТОВ ДАРКО (КМФ ПРОЕКТ)
БЛАГОЈЕВСКИ МАРИО (КМФ ПРОЕКТ)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА