Познат списокот за мечевите со Белгија и со Казахстан: Без повредените Велковски и Серафимов, со Деспотовски како дебитант!

Македонскиот селектор Благоја Милевски го соопшти списокот на македонската репрезентација за престојните јунски квалификациски натпревари против Белгија и против Казахстан за пласман на СП 2026.

На списокот на Милевски се вкупно 27 фудбалери, притоа како што се најавуваше без повредените Дарко Велковски и Никола Серафимов во одбраната, а со Стефан Деспотовски од ОФК Београд како дебитант во националниот тим.

На повреди изминатиов период се жалеа и Исник Алими и Бојан Миовски, но се очекува и верува дека ќе бидат подготвени за двата натпревари.

Македонија против Белгија игра на 6. јуни на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а со Казахстан се соочува на гостински терен, на 9. јуни во Астана.

Се вчитува...