ПОЗНАТ СТАРТНИОТ СОСТАВ: Офанзивно против Данците – Со Растодер и Ќамили во нападот, Чурлинов како десен бек!

ЕКИПА во Копенхаген,

Владимир Булатовиќ

Македонскиот селектор Гоце Седлоски се одлучи за офанзивни настроен стартен играчки состав на гостувањето против Данска во Копнхаген, но во формација 3-5-2.

Македонија ќе настапи со Растодер и Ќамили во нападот, а Барди, Атанасов и Елмас во средниот ред, со Херера на левата крилна позиција и Чурлинов на десната крилна позиција.

Во одбранбената тројка ќе бидат Муслиу, Зајков и Стојчевски пред голманот Столе Димитриевски.

СОСТАВИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА – МАКЕДОНИЈА

Данска: Хермансен, Бах, Норгард, Нелсон, Меле, Хојберг, Хјулманд, Дамсгард, Исаксен, Фрокхолт, Хојлунд

Македонија: Димитроевски, Чурлинов, Стојчевски, Зајков, Муслиу, Херера, Барди, Атанасов, Елмас, Ќамили, Растодер

Се вчитува...