Познат тениски стручњак: Сменете го форматот на Олимписките игри

Бред Гилберт, познат тениски стручњак побара од ИТФ да го промени форматот на натпреварување на Олимписките игри. Тој рече дека промените треба да стартуваат од идните Олимписки игри во Лос Анџелес 2028 година.

Предлогот на поранешниот тренер на Андре Агаси е финалниот меч да се игра во три добиени сета. Исто така Американецот се залага за укинување на супер тај-брејкот во третиот сет во натпреварите во двојки.

Форматот на натпреварување во тенисот евоулираше во последните неколку години. Пред 16 години во Пекинг кога триумфираше Надал, се играше во три сета. Исто беше и четири години пред тоа во Атина.

Се вчитува...