Познат тимот со кој Дончиќ и Словенија ќе играат во квалификациите за ЛОИ во Париз

Селекторот на Словенија, Александар Секулиќ го одреди списокот од 12 играчи кои ќе учествуваат на квалификацискиот турнир во Атина за Олимписките игри во Париз.

Тимот секако го предводи еден од најдобрите кошаркари на денешницата Лука Дончиќ, а покрај него се: Алексеј Николиќ, Клемен Препелиќ, Едо Муриќ, Џош Нибо, Грегор Хроват, Миха Черквеник, Лука Шчука, Жига Димец, Зоран Драгиќ , Влатко Чанчар и Леон Штергар.

Од играчите кои беа во поширокиот список отпаднаа Бине Препелиќ и Јан Шпан. Словенците се во Атина во група со Хрватска и Нов Зеланд. Тие вкрстуваат со група во која се Египет, Грција и Доминиканската Република. На Олимпијадата оди само победникот на турнирот во Грција.

Се вчитува...