Познат уште еден град домаќин на Евробаскет 2025

Финскиот град Тампере ќе биде еден од домаќините на групната фаза на Евробаскетот во 2025 година, објави веб-страницата на ФИБА.

Арената „Тампере Дек“, која беше отворена во 2021 година, ќе биде едно од четирите места за групите на тоа ЕП, заедно со Рига (Летонија), Лимасол (Кипар) и Полска (точниот град ќе биде објавен на 17. март).

Дел од ЕП веќе се одржа во Тампере во 1967 година, а главниот град на Финска Хелсинки беше домаќин на групната фаза и во 2017 година. Финците играа во Тампере во квалификациите за Светското првенство каде во август го победија Израел пред повеќе од 11.500 гледачи. Нокаут фазата на турнирот ќе се одржи во Рига.

Се вчитува...