Познат ждребот за Австралија опен: Синер и Ѓоковиќ во полуфиналето, на Алкараз му се отвора патот

Ждрепката за првиот гранд-слем во сезоната, Австралија опен кој започнува на 18. јануари, ги донесе очекуваните тензии и потенцијални блокбастери на терените во Мелбурн парк.

Најголемата вест е дека Новак Ѓоковиќ (4. носител) и бранителот на титулата Јаник Синер (2. носител) се извлечени во истата половина од ждребот. Тоа значи дека двајцата можат да се сретнат во полуфиналето, што ќе биде реприза на дуелот од лани, кога Италијанецот триумфираше и потоа ја освои титулата.

Ѓоковиќ, кој во Мелбурн ја брка својата 11. титула и рекордна 25. гранд-слем титула (со што би ја надминал Маргарет Корт како најуспешен тенисер во историјата по број на трофеи во поединечна конкуренција), турнирот го почнува против Шпанецот Педро Мартинез.

Од друга страна, Синер, кој мечтае за хет-трик (трета по ред титула во Мелбурн), на стартот ќе се соочи со Французинецот Уго Гастон. Вториот носител доаѓа со серија одлични настапи на тврда подлога и очигледно сака да продолжи со доминацијата во Австралија.

Во другата половина од ждребот, лидерот на АТП листата Карлос Алкараз (1. носител) и ланскиот финалист Александар Зверев (3. носител) се наоѓаат заедно. Шпанецот, кој има за цел да ја освои својата прва титула во Мелбурн и со тоа да го комплетира кариерниот гранд-слем, во првото коло ќе игра против домашниот претставник Адам Волтон.

Се вчитува...