Позната е големата тајна на Федерер поради која никогаш не тренирал со Ѓоковиќ

Своевремено најдобриот тенисер на светот, Роџер Федерер имал посебна стратегија кога станува збор за најголемите ривали Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. Истата ја откри Енди Мареј, поранешниот славен англиски тенисер кој беше и тренер на српската тениска икона.

Во разговор на подкстот „”Stephen Hendry’s Cue Tips“, Мареј објасни како швајцарскиот тенисер редовно избегнувал заеднички тренинзи со останатите тенисери кои ги сметал за ривали бидејќи ги дожиувал како конкуренција.

„Трениравме заедно, тренирав со Ѓоковиќ и Надал. Кога почнував тренирав и со Федерер. Но, по година или две, престана. Повеќе не сакаше да тренира со мене. Тој никогаш не тренираше со Ѓоковиќ или Надал бидејќи ги сметаше за конкуренција“, откри Мареј.

„Јас пак обожавав да тренирам со нив бидејќи тогаш гледав кое е моето ниво. Неколку дена пред голем меч не го правев тоа, ни неколку недели пред грен-слем тренирав со тие момци“

Се вчитува...