Иднината на Лука Модриќ во Реал Мадрид долговреме беше неизвеснал, поготово доколку се земе во обѕир фактот дека од клупта заминува и Карло Анчелоти. Хрвтот ова лето полни 40 години, „кралскиот клуб“ има посебни протоколи кога станува збор за фудбалери на овие години, но Модриќ како и во минатото, така и оваа сезона ќе биде исклучок.
Новиот тренер Чаби Алонсо верува дека Модриќ е „срцето и душата“ на овој Реал Мадрид па сака да го задржи и за предизвиците во следната сезона, пренесува „Марка“.
И покрај тоа што има 39 години Модриќ игра во врва форма. И покрај тоа што не беше во прв план, оваа сезона настапи на 55 натпревари за Реал Мадрид постигнувајќи четири голови и девет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

