Трент Александер-Арнолд преку видео порака официјално го најави заминувањето од Ливерпил на крајот на сезоната. Англискиот репрезентативец во текот на целата кариера настапува за „црвените“, но како што вели самиот време е за промена.
Неговата следна дестинација се очекува да биде Реал Мадрид, а со оглед на тоа што преслебата во главниот град на Шпанија ќе биде како слободен фудбалер со истекот на договорот тој ќе има и добра заработка.
Според швајцарскиот медиум „Скај спортс“, заработката на Александер-Арнолд ќе биде 15 милиони евра бруто по сезоната со тоа што ќе потпише пет годишен договор. Тоа значи дека ќе заработува речиси 30 отсто повеќе отколку во Ливерпул каде изминатите три сезони неговите примања беа 10.9 милиони евра по сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

