Хрватскиот стратег Игор Тудор официјално беше претставен како нов тренер на Јувентус. Кормилото го превзема од Тијаго Мота кој не се прослави на клупата на итлаијанскиот гигант, но торинскиот клуб во тајност ги чуваше информациите за долготрајноста на соработката.
Според Мирко ди Натале, италијанскиот инсјадер добро познат по проверените информации кога станува збор Јувентус соработката е валидна до крајот на сезоната, период во кој тој ќе заработи 500 илјади евра.
А, доколку избори место во Лигата на Шампионите и следната сезона тогаш неговиот договор ќе биде продолжен со тоа што платата ќе изнесува два милиони евра за целата сезона.
Јувентус во моментот е на петтата позиција на табелата со 52 освоен бодови, само бод помалку во однос на четвртопласираната Болоња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА