Голема е веројатноста дека Александар Исак во сезоната 2025/26 нема да го носи дресот на Њукасл Јунајтед откако јасно изрази желба да замине од клубот од северот на Англија и да се пресели во редовите на Ливерпул.
Арни Слот создава тим по своја мерка, а главна трансфер цел беше шведскиот голгетер кој се наметна како еден од најдобрите на својата позиција. Токму поради тоа Ливерпул нема да штеди за негов ангажман па веќе ја испрати и првата бомбастична понуда вредна 138 милиони евра, откриваат англиските медиуми.
Оваа бројка може и дополнително да се зголеми со наведените бонуси па трансферот се очекува да го чини англискиот шампион околку 150 милиони евра.
Реализација на овој трансфер, со оваа сума би го довело третиот најскап трансфер во историјата (по Нејмар од Барселона во ПСЖ и Мбапе од Монако во ПСЖ) и истиот би бил нов рекорд во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

