За прв пат во историјата на Евролигата завршницата на сезоната нема да биде одиграна во Европа. Како организатор беше одбран Абу Даби, потточно „Етихад“ арената каде од 23. до 25. мај најдобрите четири тимови ќе се борат за шампионскиот трофеј.
На официјалниот веб сајт на Евролигата денеска беше проследена информација кога ќе започне продажбата на билети. Тоа е на 26. фервруари од девет часот наутро.
Ќе се продаваат билети за сите денови (два натпревари во петок и два во недела). Најефитините билети чинат 299 евра (по 74.75 од натпревар), а најскапите достигнуват цена од 749 евра (187.25 по натпревар).
Покрај тоа ќе се продаваат и „VIP Hospitality“ пакети кои покрај билети за натпреварите опфаќаат и хотелско сместување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

