Позната причината за смртта на грчкиот фудбалер

Трагедија од невидени размери го потресе фудбалот низ светот за веста дека повремениот грчки репрезентативец Џорџ Балдок беше пронајден мртов во базенот во својата куќа во Глифада, во близината на Атина. Имаше 31 година.

Набрзо пристигнала и брзата помош, а сите сомнежи укажуваа дека фудбалерот се удавил, а на крајот тоа е и потврдено.

Локален грчки фотограф со дрон го снимал местото каде била несреќата, снимил дека крај базенот има две шишиња од кое едното било сигурно вотка, а другото вода или тоник. Но, уште нема информација за тоа дали Балдок бил во алкохолизирана состојба кога починал.

Се вчитува...