Позната причината за смртта на Тори Боуви

Поранешната светска шампионка на 100 метри Тори Боуви почина од компликации при породување, објавија американските медиуми.

Американската спринтерка, која освои златни, сребрени и бронзени медали на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, а една година подоцна стана светски шампион, почина на 23. април на 32-годишна возраст.

Нејзиното тело било пронајдено во домот девет дена подоцна, откако таа не се јавила никому. Извештајот од обдукцијата од Канцеларијата на медицинскиот обвинител на округот Оринџ во Флорида, вели дека Боуви била приближно осми месец бремена и родила кога починала.

Можните компликации вклучуваат респираторен дистрес и еклампсија, ретка состојба која може да предизвика напади. Патологот заклучил дека смртта на Тори Боуви била природна.

Се вчитува...