Пред неколку дена шпанските медиуми кренаа прашина со објавата околу деталите на договорот кој Лионел Меси го потпиша со Барселона во 2017 година. Пред четири години Аргентинецот го продолжи договорот до летото 2021 година и за тоа доби неверојатни 555 милиони евра.
Иако се работи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, многумина сепак останаа шокирани од сумата која ја доби Меси за четири години сметајќи дека не постои ниту еден фудбалер кој вреди толку. По објавата на деталите на договорот во Барселона настана хаос. Раководството на клубот и тренерот Куман го бараат „кртот“, а Меси најави тужба против секој кој учествувал во изнесувањето на спорните информации.
Откако јавноста дозна колку Меси заработува, целиот свет го интересираше како на тоа реагирале неговите неговите соиграчи. Каталонскиот спорт откри дека и покрај тоа што Аргентинецот заработува многу повеќе од било кој играч на Барселона, дека тоа на никој не му пречи. Дури и по објавувањето на договорот целата соблекувална на Барселона е пообединета и дека атмосферата е одлична.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

