Кошаркарскиот клуб Панатинаикос западна во голема криза, и покрај никогаш поголемите инвестиции, поради што во Грција сериозно се зборува за заминувањето на тренерот Ергин Атаман.
Дури и познатиот локален медиум „SDNA“ објави дека сопственикот Димитрис Јанакопулос ќе му даде отказ на турскиот стручњак, но се случи спротивното.
Контроверзниот бизнисмен објави порака за поддршка на Атаман и играчите, истакнувајќи дека сите тие се едно големо семејство и дека тренерот ќе има доверба до крајот на тековната сезона.
Ако имаше дилема, таа повеќе нема да биде, бидејќи Панатинаикос ќе ја заврши тековната сезона со Ергин Атаман на клупата.
„Сè уште сме тука… Да им покажеме на сите што значи да се носи најтешкиот дрес во Европа. Имаме доволно талент и му**, имаме доволно да им позајмиме малку на сите други тимови. Време е да им покажеме на сите што значи да се биде дел од семејството Панатинаикос. Еден натпревар, еден чекор поблиску кон нашата судбина… Врвот!“, рече Јанакопулос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

