Спортскиот директор на Германската фудбалска репрезентација Руди Фелер изјави дека Ханси Флик ќе остане селектор на националниот тим и покрај последните лоши резултати..
Во петокот Германија загуби со 0-1 од Полска во пријателски натпревар и тоа беше трет последователен натпревар без победа. Дел од навивачите и фудбалските стручњаци се лути затоа што репрезентацијата нема многу напредок откако лани беше елиминирана во групната фаза на Светското првенство во Катар.
„Ханси Флик очигледно ќе остане тренер. Сите се согласуваме дека Ханси е вистинскиот тренер за добра игра на Европското првенство“, изјави Фелер.
Во пресрет на пријателскиот натпревар против Колумбија во вторник, тој призна дека германскиот тим мора да направи многу повеќе за да ја врати довербата кај навивачите.
Флик ја освои Лигата на шампионите со Баерн пред да ја преземе германската репрезентација во 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

