Позната судбината на Вашингтон во Партизан

Двејн Вашингтон до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Партизан, откри неговиот агент Миња Илиќ.

Многу се пишуваше за тоа како кошаркарот на „црно-белите“ наскоро ќе ја промени средината и ќе се пресели во друг клуб, но неговиот агент ги демантираше сите гласини.

„Не знам од каде тие гласини, бидејќи никој не ни се јави, но колку што знам, никој не контактирал ниту со Партизан“, изјави за Meridiansport Миња Илиќ.

Двејн Вашингтон сигурно ќе игра за Партизан до крајот на сезоната, а ќе му биде на располагање на тренерот Пењароја и за натпреварот против Барселона.

Се вчитува...