Сузана Диниџ е новата извршна директорка на најбогатата фудбалска лига во светот. Таа ќе го наследи Ричард Скадмор кој функцијата ја напушта по цели 19 години.
Диниџ има долгогодишна телевизиска кариера, а во Премиер-лигата доаѓа од позицијата директорка во „Дискавери“ мрежата каде што била задолжена за „Анимал Планет“ на глобално ниво.
„Возбудена сум од можноста да ја добијам оваа неверојатна шанса. Премиер-лигата им значи многу на многу луѓе“ – изјави Диниџ.
Диниџ која ќе биде една од најмоќните жени во светот на спортот, функцијата ќе ја преземе на почетокот од 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА