Познатата судијка Стефани Фрапар е назначена од УЕФА да ја дели правдата во натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите помеѓу Слован Братислава и Струга ТЛ, кој се игра во Вратислава.
Фрапар е добро познато име во фудбалот, а судеше на неколку натпревари во Ла Лига. Со знакот на ФИФА е од 2009 година.
На натпреварот Слован Братислава – Струга Трим Лум ќе суди Фрапар со своите сонародници Микаел Берчебру и Стивен Торегроса кои ќе ја играат улогата на прв и втор помошник, додека четврти судија ќе биде Матје Вернис.
Судија на ВАР на овој натпревар кој ќе се одигра на 10 јули со почеток во 19 часот на стадионот „Техелне поле“ во Братислава ќе биде Бастиен Дешепи, исто така од Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА