Во просториите на РФМ денеска беа извлечени двојките за следната фаза од Купот на Македонија во машка конкуренција. Ќе се играат четири четвртфинални турнири, а познати се ривалите.
Во првата група, силите ќе ги одмерат Тинекс Пролет – Металург и Македонија ЃП – Прилеп. На вториот турнир, ќе се сретнат Работнички – Струга и Охрид – Металург 2.
Во третата група ќе се играат дуелите Пелистер – Вардар јуниор, Младост – Еурофарм. Во четвртата група ќе се сретнат Вардар – Борец, и Радовиш – Вардар 2.
Мечевите ќе се играат од 20. до 23. април, освен дуелот на Вардар, кој е одложен за друг термин поради нивниот настап во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА