Се одржа ждрепката за завршниот турнир во Дејвис купот закажан од 19. до 24. ноември.
Натпреварите повторно ќе се играат во Малага. Домаќинот Шпанија во четвртфиналето ќе се сретне со Холандија, а подобриот од овој двомеч ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Германија и Канада.
Италија ќе ги одмери силите со Аргентина, а САД и Австралија се среќаваат во последниот четвртфинален натпревар, кој потенцијално може да биде најинтересен во првата фаза од фајнлејт.
Четвртфиналето ќе се игра од 19. до 21. ноември, полуфиналните дуели се закажани за 22. и 23., а финалето ќе се игра во недела на 24. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА