Познати четвртфиналните парови во Купот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија на денешната ждрепка ги одреди паровите за четвртфиналето во Националниот куп. Во дербито на рундата актуелниот двократен шампион во низа Македонија Ѓорче Петров ќе го пречека Силекс.

Интересно се очекува да биде и во Скопје каде Работнички ќе игра со Шкупи. Штипска Брегалница за противник ја доби Воска Спорт, додека последниот пар го сочинуваат Тиквеш и АП Брера.

Натпреварите се закажани за 8. ноември со почеток во 13 часот.

Се вчитува...