Познати деталите од понудата на Наполи за Елмас: Двојно помала сума, и откуп во јуни 2026

Наполи сериозно стартува во акција за повторно враќање во своите редови на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Тренерот на „наполитанците“, Антонио Конте смета дека Елмас би бил идеално засилување за средниот ред на тимот, затоа што, меѓу другото, и апсолутно му е позната средината во која настапуваше со успех во периодот од 2019 до 2024 година.

Како што пишува „Газета дело спорт“, веќе се познати и деталите од понудата на Наполи до Лајпциг за откуп на македонскиот репрезентативец. Де Лаурентис веќе испратил понуда до Лајпциг, со тоа што Наполи сака најпрво Елмас да биде една сезона на позајмица а потоа следното лето да биде откупен.

„Понудата од Наполи е оваа сезона Елмас да игра како позајмен фудбалер, а потоа да биде откупен. Проблем е што Наполи сега нуди за откуп двојно помала сума од оние 25 милиони евра кои Лајпциг ги плати пред 18 месеци. Ќе биде тешка мисија за Наполи, но се е можно“ – пишува „Газета дело спорт“.

И Елмас нема ништо против повторно да се врати во Серија А, ако се знае дека мина одлични месеци изминатава пролет и во редовите на Торино.

Се вчитува...