Познати деталите од судирот меѓу Бурук и Мурињо: Тешка навреда за Португалецот, па…

Фенербахче загуби со 1-2 од Галатасарај во полуфиналето од Купот на Турција во крајно тензична завршница во која на крајот во фокусот се најдоа тренерите на двата тима.

Најпрво се појави снимка на која се гледа како Жозе Мурињо по поразот ги губи нервите и го фаќа за нос противничкиот тренер Окан Бурук. Па, комплетната фудбалска јавност во Турција го нападна Португалецот, вчудоневидена од неговата реакција.

Но, сега се појавува нова снимка од друг агол во која се гледа дека Бурук е предизвикувач на инцидентот. На снимката се гледа како тренерот на Галатасарај сосема непотребно провоцира кон Мурињо додека тој разговара со судиската тројка. Турските медиуми сега ја објавија и караницата меѓу двајцата тренери.

Според  „Милиет“, Мурињо по последниот судиски свиреж на натпреварот отишол кај судиите и им рекол: „Многу лошо судевте“.

Честитајќи им на судиите, Окан Бурук, пак, дофрлил: „Не го слушајте. Добро го водевте натпреварот. Донесовте правилни одлуки“.

Беше објавено дека Окан Бурук по разговорот со судиите му се обратил на Жозе Мурињо и рекол: „Добра игра, добра игра…“, што очигледно го испровоцира славниот тренер.

Се тврдеше дека Окан Бурук потоа му упатил тешка навреда на англиски на Мурињо и дека португалскиот тренер не можел да го контролира бесот. Жозе Мурињо отиде зад Бурук и го штипна за нос, а потоа доби црвен картон и без објаснување го напушти стадионот.

Беше наведено дека сите инциденти се вклучени во судискиот извештај, па ќе има казни за сите, но најмногу за клубовите.

Инаку, навистина имаше лоши судиски одлуки, а навивачите на Фенер најмногу жалат што не им беше досуден пенал на почетокот на мечот кога играч на Галата играше со рака, додека од друга страна во Галата тврдат дека голот на Фенер бил од офсајд позиција.

Во секој случај, Галатасарај се пласираше во полуфиналето и ќе се бори за уште еден трофеј, додека и во првенството има предност пред градскиот ривал.

Се вчитува...