Познати деталите од трагедијата во која загина синот на Балак

Голема несреќа се случи во Португалија, земја во која загина синот на Михаел Балак, Емилио додека возел четирицикл во едно одморалиште.

Португалските медиуми ги открија деталите од несреќата на Емилио, кој паднал од возилото, а потоа тоа завршило врз него и му немало спас.

„Мирор“ открива дека бабата на Емилио повикала итна помош, но било доцна затоа што возилото го смачкало синот на поранешниот германски фудбалер.

„Момчето изгуби контрола, предните тркала се кренале, а потоа падна наназад. Возилото веднаш потоа го удри и го смачка неговото тело“, открива полицијата.

Се вчитува...