Познати двојките во кошаркарскиот Куп на Македонија

Со завршувањето на првиот дел од регуларниот дел од сезоната во Првата кошаркарска лига на Македонија, ги добивме и паровите за четвртфиналните дуели во националниот Куп.

Како што е правилото осумте најдобропласирани екипи во првиот дел од сезоната ќе се сретнат на завршниот турнир.

Најинтересно четвртфинале се очекува да биде меѓу вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Лидерот на табелата ТФТ Скопје ќе игра против Гостивар, додека Пелистер за противник го доби Чаир.

Последниот четвртфинален пар го сочинуваат Куманово и Кожув. Куп-турнирот треба да се одржи во февруари следната година, а бранител на титулата е МЗТ Скопје.

Се вчитува...