Новата сезона во АБА-лигата ќе донесе огромна промена по одлуката за зголемување на бројот на учесници на 18 екипи, но и на поделба на тимовите во две групи.
АБА го објави и изгледот на групите, извесно беше дека Партизан и Црвена Звезда ќе бидат раздвоени како носители, па така шампионот се најде во групата А, каде за противници ќе ги има моќниот состав на Дубаи, потоа новиот АБА-лигаш Клуж од Романија, како и Игокеа, Борац Чачак, Студентски Центар, ФМП, Сплит и Крка.
На спротивната страна, Црвена Звезда е носител на групата Б каде ќе игра против Будуќност (тим од кој беше елиминирана сезонава во полуфиналето), како и против Виена од Австрија, Цедевита Олимпија, Спартак Суботица, Босна, Мега, Задар и Илирија.
Предвидено е во лигашкиот дел да се игра двокружен систем (16 меча за секоја екипа), по што најдобрите осум тима ќе продолжат да разигруваат за највисок пласман. Се уште не е донесена одлука, дали разигрувањето за титулата ќе биде како и во претходните години со плејоф систем, или пак ќе биде воведен фајналфор турнир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

