Познати групите за Светското првенство во ватерполо

Во Атина беше одржана ждрепката за Светското првенство што ќе се одржи во Фукуока од 14. до 30. јули, а таа посака во иста група да се најдат Србија и Црна Гора кои се заедно со  Шпанија и Јужна Африка.

Србија ја чекаше ждрепката од вториот шешир, а Црна Гора од третиот шешир. Ждрепката ги собра Србија и Црна Гора, кои ќе бидат во групата со Јужна Африка и главниот фаворит во групата и на првенството, селекцијата на Шпанија.

Група А: САД, Австралија, Казахстан, Грција;

Група Б: Кина, Франција, Канада, Италија;

Група Ц: Хрватска, Унгарија, Бразил, Јапонија;

Група Д: Јужна Африка, Србија, Црна Гора, Шпанија.

Селекциите кои ќе го освојат првото место директно одат во четвртфиналето, додека репрезентациите на второто и третото место ќе ја започнат нокаут фазата со осминафиналето.

Се вчитува...