Анжелик Кербер, Наоми Осака, Слоун Стивенс и Кики Бертенc ќе се натпреваруваат во „црвената група“, а Каролине Возњаки, Петра Квитова, Јелина Свитолина и Каролина Плишкова ќе бидат дел од „белата“ конкуренција на ВТА тениското финале на сезоната во Сингапур кој петти и последен пат е домаќин на женската завршница на сезоната.
Ова е исходот од ждрепката за групите на турнирот на осумте најдобри тенисерки во годината. Лидерката на ВТА листата, Романката Симона Халеп, не учествува поради повреда.
Тенисерките преку групната фаза се борат за двете најдобри позиции кои водат во полуфиналното вкрстување.
Минатата година трофејот во Сингапур го освои Каролине Возњаки. Дуелите од првото коло се закажани за утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА