Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер се дел од групата „Бјорн Борг“ на завршниот Мастерс кој ќе се игра во „О2“ арената во Лондон, одлучи денешната жрепка. Покрај Србинот и Швајцарецот дел од оваа група ќе бидат и Австриецот Доминик Тим, како и Италијанецот Матео Беретини, за кој ова е прв настап на турнирот на најдобрите во сезоната.
Групата „Андре Агаси“ ќе ја предводи првиот рекет на светот Рафаел Надал, кој иако отпатува во Лондон се уште е неизвесен неговиот настап на турнирот. Покрај него дел од групата ќе бидат и актуелниот бранител на титулата, Германецот Александар Зверев, како и дебитантите Данил Медведев од Русија и Стефанос Циципас од Грција.
Турнирот ќе се игра во периодот од 10 до 17 ноември, а покрај борбата за титулата, останува отворено и прашањето кој ќе заврши на првата позиција на АТП листата на крајот на 2019 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА