Познати имињата на најголеми фаворити за освојување на „Златната топка“!

По крајот на Европското фудбалско првенство и Копа Америка, веќе е направенa и објавена кратка листа од најголеми фаворити за освојување на „Златната топка“.

Лионел Меси конечно го „скрши мразот“ и освои голем турнир со Аргентина. Тој се израдува на трофејот во Копа Америка и стана главен фаворит за престижната индивидуална награда. Зад него се две ѕвезди на Челзи, актуелниот европски првак во клупски фудбал. Н’Голо Канте беше клучниот човек за овој успех на лондонскиот клуб. Неговиот соиграч Жоржињо се надоврза на овој подвиг со европска титула со Италија.

Изминатата сезона беше импресивна за Роберт Левандовски. Полскиот голгетер достигна епски рекорд на Герд Милер во Бундеслигата и со Баерн Минхен ја продолжи доминацијата во домашното првенство.

Кристијано Роналдо освои еден трофеј, овој во Копа Италија. Меѓутоа индивидуалната статистика одново му е на врвно ниво. Со 29 погодоци заврши како прв стрелец во Серија А, а петте гола на Европското првенство му донесоа награда „златна копачка“ на шампионатот.

На крајот на листата е Кевин Де Брујне, одличниот белгиски интернационалец. Најдобриот фудбалер на Манчестер Сити постигна десет гола и запиша 18 асистенции во доминантната сезона на „граѓаните“ во Премиер лигата.

Се вчитува...