Продолжува одржувањето на редовните изборни собранија на Општинските фудбалски сојузи како најава за одржувањето на Редовното изборно собрание на ФФМ на кое актуелниот претседател Масар Омерагиќ се очекува да биде повторно избран, со полн мандат, за прв човек на Фудбалската федерација на Македонија.
Пo ОФС Струга, Битола, Гостивар и Тетово со поддршка за реизбор на Масар Омерагиќ се приклучија и Општинските фудбалски сојузи од Кочани, Куманово, Гевгелија и Кисела Вода.
На изборното собрание на ОФС Кочани, Александар Андов повторно е избран за претседател, кој заедно со Оливер Јовановски и Марјан Ангеловски ќе бидат и делегати во новото Собрание на ФФМ. Нивните заменици се Владо Андов, Сашко Ангелов и Столе Ташев. Интересно е да се напише дека за член на Управен одбор на ФФМ е предложен Станко Манчевски, кој не членува во овој општински сојуз, но според Статутот на ФФМ има право на тоа.
Нема измени за претседател и во ОФС Куманово, таа функција ќе продолжи да ја извршува Борче Лазаревски, кој е предложен и за член на Управниот одбор на ФФМ. Покрај него во Собранието ќе бидат и Горан Георгиевски, Александар Маневски и Џемаљ Зекири. Нивни заменици ќе бидат Јусуф Еркан, Валентин Стоиловски, Бејтула Тефику и Драган Тристовски.
На изборното собрание на ОФС Гевгелија, Боро Истатов повторно едногласно е избран за претседател, а со него во собранието на ФФМ ќе биде и тренерот Васе Беќаров. Нивни заменици се Кирил Изов и Тихо Чурлинов. За член на Управниот одбор е предложен Мишел Истатов.
Нов четиригодишен мандат за претседател на ОФС Кисела Вода доби повторно Игор Франговски, кој воедно е предложен и за член на Управниот одбор на ФФМ. Во собранието заедно со него се Љупчо Трајковски и Горан Илиќ, заменици се Жанко Савов, Иван Ѓорѓиевски и Марио Вујовиќ.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА