Познати комплетните детали за македонските фанови за влез на стадион во Букурешт: Неопходни брзи-антиген тестови од 8 евра

Познати се комплетните детали околу протоколот за македонските навивачи кои во Букурешт ќе сакаат да ја бодрат македонската репрезентација на ЕВРО 2020.

Романската фудбалска федерација и организацискиот одбор информираа дека секој навивач ќе мора да направи брз-антиген тест кој ќе чини 8 евра на еден од медицинските пунктови ширум Букурешт, за да може да добие пристап на трибините на националната арена.

Македонија првиот натпревар го игра на 13. јуни (недела) од 18 часот, па навивачите кои ќе присуствуваат на мечот ќе мора 24 часа пред секој натпревар, сабота од 18 часот да направат брз-антиген тест.

Покрај тестираните, на стадион пристап ќе имаат и сите вакцинирани со примена втора доза на вакцина, десет дена од аплицирањето на таа втора доза, сите што имаат негативен ПЦР-тест со важност до 72 часа, секој прележан од ковид-19 помеѓу 15 и 90 дена или со негативен брз-антигенски тест направен 24 часа пред мечот. Сите што имаат документ за вакцинација, прележан ковид не повеќе од три месеци од инфекцијата или негативен ПЦР ќе треба да платат едно евро за процедурата за добивање на алка за слободен пристап на стадионот.

Сите негативни на антиген-тестовите или со доказ за вакцинација или со негативен ПЦР-тест, ќе добијат алки кои ќе мора да се носат постојано како доказ дека секој што е на стадионот нема коронавирус. Без медицинската алка никој нема да има пристап на стадионот во Букурешт.

Листата на официјалните медицински пунктови за тестирање во Букурешт може да ја видите на следниот ЛИНК.

Се вчитува...