Познати комплетните двојки за плеј-оф рундите во Лигата на Европа и во Конференциската лига

По синоќешните реванш натпревари од 3. квалификациско коло, познати се комплетните двојки за плеј-оф рундите во Лигата на Европа и во Конференциската лига на УЕФА.

Како што е познато, македонскиот шампион Шкендија во плеј-оф рундата од квалификациите за Лигата на Европа ќе игра против бугарскиот Лудогорец во обидот да дојде до групната фаза на второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Доколку не успеат, тетовци во тој случај секако веќе имаат обезбедено групна фаза во Конференциската лига на УЕФА.

Најинтересни натпревари, пак, во Конференциската лига дуелот меѓу Лозана и Бешикташ, но и пресметката меѓу белгиски Андерлехт и АЕК Атина.

 

Се вчитува...