Познати „коцките“ за стартниот состав против Белгијците: Елмас и Миовски во нападот, со Атанасов и Костадинов во средниот ред

Шефот на стручниот штаб на македонската репрезентација Благоја Милевски веќе ги склопи „коцкичките“ за вечерашниот дуел со Белгијците на арената „Тодор Проески“ во Скопје во квалификациите за СП 2026.

Македонската селекција, во формација 3-5-2, ќе биде со Елиф Елмас и Бојан Миовски во нападот, а со поддршка веднаш во позадина и капитенот Енис Барди.

Пред голманот Столе Димитриевски, се очекува тројката централни дефанзивци Висар Муслиу, Ѓоко Зајков и Јован Манев или Андреј Стојчевски, заедно со Езѓан Алиоски и Бојан Димоски на крилните дефанзивни позиции.

Во средниот ред, покрај Барди се очекува да бидат Јани Атанасов и Тихомир Костадинов од првата минута, ако се знае дека Исник Алими, поради повреда, најверојатно нема да може да одговори на предизвикот за првиот јунски натпревар, вечерва против Белгија.

 

Се вчитува...