Шкендија веќе ги знае можните противници и за 3. коло од квалификациите во двете најквалитетни европски клупски натпреварувања. Како што е познато, тетовци доколку ја минат пречката во 2. коло од квалификациите за ЛШ, продолжуваат во Лигата на шампионите, а во спротивно ќе продолжат во третото квалификациско коло од Лигата на Европа.
Македонскиот шампион во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите најпрво ја очекува пресметката со романскиот шампион ФЦСБ. Првиот натпревар се игра веќе во вторник (22. јули) во Скопје.
А, меѓу можните противници во 3. квалификациско коло за Шкендија, доколку ги мине Романците, се Копенхаген, Црвена Звезда, Ференцварош, Макаби Тел Авив, Слован Братислава и Карабах.

Доколку, пак, е елиминирана од ФЦСБ, Шкендија ќе го продолжи натпреварувањето во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, каде како можни противници се поразените од пресметките на дуелите меѓу Ријека и Лудогорец, Пафос и Макаби ТА, Линколн и Црвена Звезда, РФС и Малме…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

