Познати можните противници за Македонија на патот кон ново СП

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство 2026 во Данска, Шведска и Норвешка со пласман на 14. место, што значи дека селекцијата ќе  бара пласман на Светското првенство 2027 во Германија преку последниот бараж.

Европа обезбедува вкупно 16 места на Мундијалот (домаќинот Германија и светскиот првак Данска се веќе квалификувани директно, плус уште 14 селекции). Четирите полуфиналисти од ЕП 2026 добиваат директен пласман, додека останатите европски тимови (вклучително и оние што завршиле од 5. до 24. место) ќе се борат преку квалификациските бараж-фаза.

Според системот на ЕХФ и ИХФ, шесте најслабо пласирани екипи од ЕП (од 19. до 24. место) ќе играат во првиот бараж во март 2027 година, заедно со победниците од претходните квалификациска фаза (Летонија, Турција и Косово).

Добрите вести за Македонија се што со 14. место ќе биде во првиот шешир на ждрепката за третиот бараж, закажана за 31 јануари. Тоа значи поволен ждреб и потенцијално полесен ривал во клучните двомечи во март.

БАРАЖ 2:

Босна и Херцеговина – Koсово
Грузија – Израел
Украина – Словачка
Србија – Литванија
Полска – Летонија
Турција – Романија
Грција – Белгија
Финска – Црна Гора

БАРАЖ 3:

Шешир 1: 10 селекции од ТОП 16 на ЕП без четирите полуфиналисти и Германија и Данска – Франција, Хрватска, Шведска, Норвешка, Португалија, Исланд, Унгариа, Швајцарија, Шпанија, Словенија, Фарски Острови, Македонија, Холандија, Австрија.

Шешир 2: Чешка, Италија, Босна и Херцеговина/Косово, Грузија/Израел, Украина/Словачка, Србија/Литванија, Полска/Летонија, Турција/Романија, Грција/Белгија, Финска/Црна Гора.

Се вчитува...