Објавени се номинациите за „Златната топка“, која годинава ќе биде доделена на 28. октомври во Париз. Нема изненадувања, иако за прв пат по 2003 година на листата на номинирани не се ниту Кристијано Роналдо, ниту Лионел Меси.
За најдобар фудбалер се номинирани:
Џуд Белингам, Рубен Дијаз, Фил Фоден, Федерико Валверде, Емилијано Мартинез, Ерлинг Холанд, Нико Вилијамс, Гранит Џака, Артем Довбик, Тони Крос, Винисиус, Дани Олмо, Флоријан Вирц, Мартин Едегор, Матс Хумелс, Родри, Хари Кејн, Деклан Рајс, Витиња, Кол Палмер, Дани Карвахал, Ламин Јамал, Букајо Сака, Хакан Чалханоглу, Вилијам Салиба, Килијан Мбапе, Лаутаро Мартинез, Адемола Лукман, Антонио Рудигер и Алехандро Грималдо.
За најдобар тренер беа номинирани:
Чаби Алонсо, Карло Анчелоти, Луис де ла Фуенте, Џанпјеро Гасперини, Пеп Гвардиола и Лионел Скалони.
Номинираните за трофејот Копа (награда за најдобар млад играч):
Пау Кабурси, Алехандро Гарначо, Арда Гулер, Карим Конате, Коби Мајно, Жоао Невес, Савињо, Матис Тел, Ламин Јамал, Ворен Заир-Емери.
Номинираните за трофејот Лав Јашин (за најдобар голман) се:
Диого Коста, Џанлуиџи Донарума, Грегор Кобел, Андреј Лунин, Мајк Мањан, Георги Мамардашвили, Емилијано Мартинез, Унаи Симон, Јан Сомер и Ронвен Вилијамс.
За најдобар клуб беа номинирани:
Борусија Дортмунд, Жирона, Баер Леверкузен, Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА