Познати нови детали од договорот на Алонсо и Реал Мадрид

Чаби Алонсо, прославниот фудбалер, а сега и тренерот кој минатата сезона направи чудо со Баер Леверкузен постигнал договор за превземање на Реал Мадрид и тој ќе започне со работа пред почетокот на ФИФА Светското клупско првенство, објавија фудбалските „инсајдери“.

Договорот на Шпанецот со Реал Мадрид е со важност до 2028 година и тој самиот ќе го бира стручниот штаб, кој според истите извори е и веќе утврден.

Овој потег значи и враќање на Алонсо на „Сантијаго Бернабеу“ каде во минатото настапуваше како фудбалер.

Се вчитува...