Англискиот шампион Манчестер Сити и официјално ова лето го договори трансферот на норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, но остана енигма барем до денес договорот меѓу двете страни.
Сепак, медиумите на Островот успеаја да ги откријат двете откупни клаузули во неговиот договор со „граѓаните“. Првата откупна клазула може да биде активирана во 2024 година, тогаш Халанд може да замине ако некој клуб за него плати 200 милиони евра.
Втората клазула важи една година подоцна и за неа откупната клазула е 175 милиони евра. Станува збор за големи суми, но со оглед на квалитетот и потенцијалот што го има Ерлинг Халанд, сосема реално.
Англиските закони не дозволуваат класична откупна клазула, но тие се поврзани со одреден ефект на теренот, а поставените услови за Халанд се лесно остварливи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

